Неколку факти за водата кои не сте ги знаеле

July 28, 2015

Животот на ниту еден организам не би можел да се замисли без водата. Таа е движечка сила на се што постои во природата. Во таа чест ви презентираме неколку факти за водата, за некои од нив можеби сте слушнале, за некои пак сигурно ќе бидете изненадени.

Водата ја подобрува менталната функција
Човековото мозочно ткиво е 80% вода, па не е ни чудно што водата влијае на менталната функција. Освен тоа водата е важна во пренесувањето на ензимите и протеините, а учествува и во отстранување на слободните радикали кои го оштетуваат мозочното ткиво.

Водата го детоксицира организамот
Како што споменавме, водата ги одстранува штетните токсини од организамот, метаболитите и слободните радикали, со што го намалува ризикот од клеточно оштетување и нивна малигна алтерација.

Водата ги штити зглобовите
Водата ги штити зглобовите на тој начин што го одржува балансот на синовијалната течност. Ако генерално се намали синовијалната течност, ќе се намали и амортизацијата на зглобовите и тие можат да станат подложни на разни оштетувања.

Водата штити од кариес
Водата го одржува лачењето на плунката во нормални количини, како и нејзиниот нормален состав. Доколку се наруши лачењето на плунката ќе се зголемат киселините во устата и ќе започнат да ги напаѓаат забите. Променетиот состав на плунката може да допринесе и до создавање на забен камен.

Затоа ја пиеме Изворска-од природата за природата.

Go top