Кожувчанка донираше 24 тони Изворска вода во Чешиново-Облешево

February 6, 2015

Знаејќи дека во општината Чешиново-Облешево, реката Брегалница се излеа во атарот на Облешево, Чифлик и селото Теранци, а поплавени се и дворови и куќи во селата Чешиново и Уларци, Кожувчанка испрати 24 тони од нивната природна, Изворска вода.

Кожувчанка од Кавадарци е компанија која е секогаш општествено одговорна, а генералниот директор г-динот Митко Јанчев и неговиот тим се надеваат дека даваат пример на сите други компании кои можат да помогнат. Со надеж дека овој случај брзо ќе се реши и никогаш нема да се повтори, Кожувчанка од Кавадарци за сите граѓани од оваа општина е отворена за помошта која им е потребна.

Go top