Кожувчанка ДОО новитети, година 2016!

June 6, 2016

Изминатата година за Кожувчанка ДОО беше многу успешна со исто толку многу успешни, реализирани проекти, посебно за сите свои брендови. Оваа година компанијата може да се пофали со следните новитети: Изворска веќе на Македонскиот пазар е прифатена како природна, изворска вода во Еко амбалажа.

Сега, истата се надополнува со ласер одбележување кое комплетно го заменува мастилото кое како такво е потешко за разградување при рециклирање на пластиката. Првично овој начин на одбележување ќе биде наменет за Изворска, а потоа истиот ќе се имплементира и на амбалажата на природната, минерална вода Кожувчанка.

За прв пат во Македонија! Оваа инвестиција на Кожувчанка ДОО чини 60.000 евра. Кога сме кај новитетите, до сега непознати и кои не се практикувале во нашата земја, од оваа година Кожувчанка може да се пофали и со систем за точење на Свежо, Нате Македонско пиво. Овој систем- Свежо пиво директно од Пиварница, во светот е стандард на практикување при точење на пиво, а во Македонија сега консументите ќе имаат можност за прв пат да уживаат во квалитетот на свежото пиво благодарение на инвестицијата на Кожувчанка ДОО која изнесува 200.000 евра.

Sinalco Ice tea cera e во нова амбалажа. Со оваа инвестиција од 60.000 евра Кожувчанка ДОО ги издвојува Ледените чаеви од асортиманот на газирани пијалаци на Sinalco и со овој проект Македонија е прва во светот консументи на Sinalco пијалаците која ужива во новата амбалажа промовирана од нашата музичка звезда Каролина Гочева. Sinalco газираните пијалаци па, поточно Со1а и Orange од ова лето ќе може да се консумираат и во лименка од 0,33L.

Кожувчанка ДОО се одлучи на овој потег се со цел задоволувајќи ги потребите и барањата на своите потрошувачи кои се се’ во поголем број потрошувачи на газираните пијалаци Sinalco. Исто, оваа година Кожувчанка ДОО Ви препорачува да го Посетите Дедо, т.е. новиот портал sajtotnadedo.mk кој секој ден Ви прераскажува интересни содржини и Ви ги пренесува најновите вести и случувања во светот и кај нас.

Кожувчанка ДОО се труди и работи, најавува новитети и поставува стандарди на нашиот пазар грижејќи се секогаш за своите потрошувачи и нивните потреби. Но, исто поддржува многу проекти и индивидуалци кон целта на нивните успеси. Оваа година Кожувчанка ДОО во својата фамилија вбројува многу спортисти и музичари, поддржува различни општествено, културни проекти, а помеѓу нив се Каролина Гочева, Слаткаристика, Игор Стефановски- Иџе, КК МЗТ Скопје, Одбојкарска федерација на РМ, КК Фени Индустри – Кавадарци, Џудо федерација на РМ, ОК Синалко – Крушево, ФК Тиквеш – Кавадарци, РК Тиквеш – Кавадарци, РК Кожувчанка – Штип, ФК Вардар – Неготино, КК МНА Кожувчанка и останатите.

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Go top